Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии

- Advertisement -

Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарии.

Во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и географска карта извршено е геолоцирање и дигитално мапирање  со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање  за нивно понатамошно истражување, соопштуваат од Винопедија.

- Advertisement -

Онлајн верзија на картата, врз основа на соопштението,  овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Тие  ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за нив , рутите  и  понудата  од македонските семејни и останати винарии. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.

Во соработка со НУК – Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и музеи, како и угостителски објекти – хотели и  ресторани кои нудат специјализирани дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите ваквите  дестинации.

Сподели!
- Advertisement -