Квантниот компјутер на Google e 47 години понапред од другите суперкомпјутери

- Advertisement -

Истражувачите кои работат на квантниот компјутер на Google, Sycamore, тврдат дека последната верзија на компјутерот може да врши сложени пресметувања за секунди, за кои вообичаено на еден обичен суперкомпјутер би му биле потребни 47 години. Ова откритие е објавено на нивниот север и допрва треба да биде потврдено.

Веќе неколку години компанијата е посветена на ова поле и во 2019 ггодина достигна битен чекор напред кога го претстави Sycamore, нивниот квантен компјутер од 53 кубити. Еден кубит е кратко за квантен бит и е најмалата количина податоци кај квантните компјутери. За ралика од битовите кај бинарните компјутери, еден кубит може да биде и 0 и 1 истовремено, што значи истоврменео може да се вршат многу сложени пресметки со неверојатна брзина.

- Advertisement -

Пред 4 години 53-кубитниот Sycamore беше само секунди понапред од денешниот најбрз суперкомпјутер. Според проценките на истражувачите, се верува дера на Frontier му биле потребни 6.18 секунди за да ги направи пресметките на квантен компјутер. Оттогаш досега истржувачите додале 17 кубити на Sycamore и проади експоненцијачниот раст на капацитетот за пресметување, се проценува дека сега на Frontier би му биле потребни 47 години за пресметки на таа магнитуда.

Веќе извесно време научниците знаат дека квантните компјутери се решението за предизвиците од типот на климатските промени, откривање лекови за неизлечиви болести и слично. Но, освен академските истражувања фокусирани на решавање сложени математички проблеми, квантние компјутери имаат лимитиран напредок во примената во реалниот свет.

- Advertisement -

Засега сето тоа е само далечен сон. Дури и ако научниџите ги зголемат кубитите на квантните системи, тие се уште не откриле како да го решат проблемот со екстремно ниските температури на кои мора да работат квантните компјутери.

(Intereting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -