Во многу делови од светот озлогласениот метеоролошки феномен Ел Нињо повторно се појави и речиси е извесно дека ќе влијае на глобалната клима во втората половина од годинава, сооопшти Светската метеоролошка организација. Климата која ја создава Ел Нињо поп прв пат после неколку години повторно се појави во тропскиот дел на Тихиот Океан и тоа може да ги подигне глобалните температури и да ги смени регионалните временски и климатски модели.
Светската метеоролошка организација со 90% сигурност поаѓа од тоа дека феноменто ќе доминира со Земјата во втората половина од годинава, но уште не може да го предвиди обемот на тие последици.
Последниот пат кога се почувствуваа ефектите на Ел Нињо беше во 2015/2016 година, а научниците не се согласни дали феноменто влијаел на климата и во сезоната 2018/2019. Од организацијата додаваат дека почетокот на Ел Ниљо значителни ги зголемува шансите повторно да бидат соборени температурни рекорди годинава.
Оттаму ги повикуваат владите да преземат превентивни мерки за во екстремни временски услови да се сочуваат човечките животи. Ел Нињо не се поврзува со климатските промени предизвикани од луѓето, но може значително да ги интензивира истите затоа што дополнително ја загрева атмосферата.
Станува збор за феномен кој се појавува на неколку години, паралелено со загревањето на Тихиот Океан и со слабите пасати кои дуваат од суптропските предели кон Евкаторот.
Ефектите на феноменот главно ги чувствува Југоисточна Азија, Африка и Централна Америка, додека во Европа тие се најчесто ограничени. Противтежа на Ел Нињо е климатскиот феномен Ла Ниња, кој главно се случуваше во последните неколку години.
Ел Нињо е глобален атмосферско-океански феномен, кој настанува после промените на правецот на ветровите и температурата на водата во тропскиот дел на Тихиот Океан. Самото име Ел Нињо на шпански јазик значи „мало момче“ и се однесува на малиот Исус, затоа што ефектите на Ел Нињо најмногу се чувствуваат околу Божиќ.
Eл Нињо оси влажно и дождливо време, како и поплави во инаку сушните делови на Јужна Америка, а сушни периоди во делот на Индонезија. Во текот на Ел Нињо се менува и струењето на ветрот од запад кон исток и се собираат потопли води кон источните делови на Тихиот Океан и се намалува дебелината на слојот хранливи материи во него.
(N1)
(фото: Wikimedia)