Француската полиција ќе може да ги активира камерите и микрофоните на секој телефон поради надзор

- Advertisement -

Франција освои закон кој на полицијата и овозможува на далечина да ги активира камерите и микрофоните на мобилните телефони на луѓето за дс врши надзор, но групите за заштита на граѓански слободи се загрижени поради потенцијалната залоупотреба.

Француската полиција наскоро би можела да добие далекусежни овластувања да ги надгледуваат потенцијалните криминалци. Пратениците во француското собрание усвоија закон кој и овозможува на полицијата да ги следи и да ги надгледува осомничените преку далечинско активирање на камерите, микрофоните и GSP системите за локација на мобилните телефони и на другите уреди.

- Advertisement -

Судија ќе мора да го одобри овластувањето, а неодамна изменетиот закон забранува употреба на ова овластување против новинари, адвокати и други осетливи професии. Оваа мерка ќе мора да се ограничи на користење само во сериозни случаи и максимално во траење од шест месеци. Геолокацијата би била ограничена само на кривични дела кои се казнуваат со најмалку пет години затвор.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -