Шкотска вчера ги изнесе плановите за декртиминализација на сите видови дроги за лична употреба, со образложение дека тоа може да помогне да се намали највисоката смртност од наркотици во Европа. Регионалната влада во Единбург вели дека таа мерка треба да ја спроведе британската влада во Лондон, која според политичкото уредување, одлучува за прашања како регулацијата на дрогите.
Шкотска смета дека тој потег би овозможил на зависниците од дроги да се гледа како на криминалци, туку како на луѓе на кои им треба помош, вклучувајќи и да најдат работа.
„Знаеме дека овие предлози ќе предизвикаат расправа, но тие се во склад со нашите сфаќања на јавното здравје и со националната мисија за спасување на човечки животи“ велат од шкотската влада.
Портпаролот на британскиот премиер истакна дека не планираат да го менуваат нивниот цврст став кон дрогите. Со 327 смртни случаи на 1 милиони жители, Шкотска во 2020 година имаше највисока стапка на смртност од наркотици во Европа, а зад неа е Норвешка со 85.
Додека наркотиците во најголем дел од земјите се илегални, некои земји ги декриминализираат различните форми на дроги за лична употреба бидејќи експертите сметаат дека е подобро зависниците да се третираат како пациенти, а не како криминалци.
(SEEBiz.eu)
(фото: Flickr)