Европскиот парламент донесе нови правила кои се однесуваат на изградбата на инфраструктура за полнење електрични и возила кои користат водород како погонско гориво. Според правилата кои ги донесоа денес во Европскиот парламент, на секои 60 км долж основната мрежа TEN-T до 2026 година мора да се вградат полначи за електрични автомобили со минимална излезна моќ од 400 kW, која до 2028 година мора да се зголеми на 600 kW.
Полначите за камиони и автобуси ќе мора да постават на секои 120 км. Тие до 2028 година би требало да се постават на половина од главните патишта во ЕУ, а излезната моќ треба да биде од 1400 kW до 2800 kW, во зависност од категоријата на патот.
Државите-членки мора до 2031 година да изградат станици за полнење на автомобилите со водород најмалку на секои 200 км долж мрежата TEN-T. Како што велт од Парламентот, на корисниците на возила со алтернативни горива ќе им биде овозможено едноставно плаќање на полначите со картички или бесконтактно без претплата), додека цената на тие горива ќе биде прикажана по киловат/час, килограм или минута/сесија.
Комисијата ќе воспостави база на податоци за алтернативните горива за на потрошувачите да им се обезбедат информации за расположливоста, времето на чекање и цените на различни полначи.
Меѓу задолжителните цели, според новите правила, е зголемување на бројот на полначи за електрични возила, а државите-членки мора да постават полначи чја моќ изнесува од 1 kW по пријавено електрично возило и 0,66 kW по пријавен плагин хибридно возило.
Откако ќе ја одобри и Собранието на Европа, Урдабата за инфраструктурата за алтернативните горива ќе почне да се применува шест месеци откако ќе стапи на сила.
(Zimo)
(фото: YouTube)