Индија влегува во историјата како прва земја која лансира мисија на јужниот пол на Месечината

- Advertisement -

Индија денес ќе ја лансира својата трета мисија на Месечината со цел да стане првата земја во светот со успешно слетување на малку истражениот јужен пол на Месечината, пишува BBC.

Леталото Chandarayaan-2 со орбитер, лендер и ровер ќе биде лансирано денес од вселенскиот центар Sriharikota, а лендерот ќе стигне до Месечината на 23 или 24 август годинава. Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе стане четврта земја со реализирано меко слетување на Месечината после САД, СССР и Кина.

- Advertisement -

Третата индиска програма за лунарни истражувања наречена Chandrayaan-3 треба да го продолжи успехот а претходните мисии на Месечината, а се случува 15 години после првата индиска мисија на Месечината во 2008 година, кога беше направена првата и најдетална потрага по вода на лунарната површина и беше утврдено дека Месечината има атмосфера во текот на денот.

Мисијата Chandrayaan-2, пак, се состоеше од орбитер, лендер и ровер, а беше лансирана во јули 2019 година, но беше само делумно успешна.

- Advertisement -

Леталото Chandrayaan-3 тежи речиси 4 тони и чини 75 милиони долари, а целта му е меко да слета на лунарната површина. Лендерот Vikram тежи оклу 1,5 тони и во својот „стомак“ го носи роверот Pragyaan, тежок 26 кг.

После денешното лансирање патувањето на леталото до Месечината ќе трае 15 до 20 дена, а потоа во наредните неколку недели научниците ќе почнат да ја намалуваат брзината за Vikram безбедно да слета. Ако се оди според планот, роверот со шест тркала ќе се најде на лунарната површина и ќе почне да се движи по карпите и кратерите со мисија да собере податоци и да направи фотографии кои ќе ги испраќа на Земјата.

- Advertisement -

Полетувањето во живот моежте да го следите на овој линк.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -