Илон Маск лиценцира софтвер за автономно возење за возила од автомобилски компании

- Advertisement -

На финансиската конференција на Teslа, Илон Маск се вклучиво расправа за лиценцирање софтвер за автономно возење за други компании и рече дека не се обидуваат таа опција да ја задржат само за зебе, туку се и повеќе од среќни да ја лиценрираат технологијата и за други компании. Имено, Tesla веќе е во тек на преговори за лиценрирање на својата технологија за помош во возење за други големи производители на автомобили, откри Маск.

Системите за помош при возење на најголем дел од производителите на автомобили им се ограничени за употреба на автопатишта, додека Tesla на своите купувачи им овозможува вклучување на софтверот на локални патишта со сообраќајна сигнализација, крстосници и ранливи учесници во сообраќајот. Системот го контролира забрзувањето и забавувањето, вртењето, вклучувајќи и незаштитено вртење на лево, кое е тешко за автоматизираните системи, како и препознавање сообраќајни сигнали и други сообраќајни знаци. Системот, исто така, бара од возачите да обратат внимание на патот и да ја преземат контролата над возилата кога ќе има потреба.

- Advertisement -

Минатата година Американската сојузна агенција за безбедност ја идентификуваше програмата за помош на возачи како ризик од судири, па затоа Tesla накратко паузираше со воведувањето на софтверот додека на купувачите на автомобили испраќаа поправки за бежично ажурирање на софтверот за решаваање на проблемите кои ги утврдија регулаторните тела.

Маск, исто така, рече дека по прв пат на купувачите на Teslа ќе им биде дозволено да го пренесат софтверот на друго возило во третиот квартал од годинава. На овој начин купувачите можат да го префрлат софтверот на друго, поново Tesla возило и да не биде заклучен во стариот модел. Тоа веќе со години го бараат купувачите кои поседуваат повеќе Tesla автомобили.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -