Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок
Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми.
Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.
„Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Егеан“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.