Создадена таблета која го убива ракот

- Advertisement -

Американски научници создадоа лек во форма на таблета кој во претклиничките испитувања ги уништил сите карциноми и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција dpa.

Научниците од City of Hope, една од најголемите американски организации за истражување и лекување на ракот, вчера ја објавија својата студија со детали за првите резултати од тестирањето на таблетата за убивање на ракот AOH1996.

- Advertisement -

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на антигенот во јадрото на пролиферирачките клетки (PCNA) – протеинот кој во својот мутиран облик е клучен за репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират, велат од City of Hope.

Линда Малкас, професорка на Одделот за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во калифорнискиот центар за лекување, ја развива таблетата последните 20 години. Малкас вели дека PCNA е како главен центар на аеодромски терминал кој има повеќевлезови во авион. Податоците покажуваат дека РCNA е уникатно променет во клетките на ракот, а тој факт им овозможил да дизајнираат лек кој го таргетира само PCNA во клетките на ракот.

- Advertisement -

Професорката вели дека резултатите се ветувачки и дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморите во клеточните и животинскитна луѓе е во тек. Таблетата се покажала ефикасна во третирањето клетки на рак на дојка, простата, мозок, јајници, грло на матка, кожа и бели дробови. Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и утврдено е дека селективно ги убива клетките на ракот со пореметување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките.

Студијата е објавена во списанието Cell Chemical Biology.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -