Американска и европска компанија градат замена за Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Американската компанија Voyager Space iи европската компанија Airbus Defence and Space и здружија силите во трансатлантски проект за да изградат нова генерација вселенска станица под приватна контрола.

Станува збор за станицата Starlab, која ќе ја наследи Меѓународната вселенска станица. Соработката меѓу двете компании е продолжение на долгата традиција на здружени американски и европски напори на полето истражување на вселената.

- Advertisement -

“Горди сме што ја градиме иднината на вселенски станици со Airbus. Меѓународната вселенска станица се смета за најуспешна платформа за глобална соработка во историјата, а ние сме посветени на развојот на овој наследник додека напредуваме со Starlab. Овој заеднички проект го стартуваме за да ја задоволиме потребата за глобални вселенски агенции додека отвораме нови прилики за комерцијални корисници” велат од Voyager Space.

Voyager доби 160 милиони долари од НАСА во 2021 година преку подружницата Nanoracks го рамките на програмата Commercial Low Earth Orbit Development Programom на НАСА. Овој договор претставува фундаментален чекор во изградбата на Starlab.

- Advertisement -

Starlab нема да има само американски ентитет, туку и европска подружница заедничко инвестирање, која директно ќе ја опслужува Европската вселенска агенција и вселенските агенции и државите членки.

Starlab е планиран како замена за Меѓународната вселенска станица и постојано ќе има екипаж, ќе и служи на НАСА, но и на широка база на клиенти ширум светот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -