Руски научници одгледаа лубеници на Антарктикот

- Advertisement -

Руски поларни истражувачи успешно одгледаа лубеници во станицата Восток на Антарктикот, кое е најладното место во светот, соопшти Институтот за истражување на Арктикот и антарктикот (AARI).

„Резултатите од експериментите се импресивни. Успеавме да одгледаме лубеници најјужно, во најтешките услови на Антарктикот. Вкусот и мирисот не се ништо полоши од лубениците кои ги имаме дома. Големината на плодовите е 13 см во пречник, а тешки се до 1 кг“ изјави Андреј Тепљаков, геофизичар при AARI, кој го предводи проектот во станицата Восток.

- Advertisement -

Експериментот бил заеднички проект на AARI, Институтот за агрофизички истражувања и Институтот за биомедицински проблеми при Руската академија на науки.

AARI во соопштението наведува дека поволните услови за билките како што се температурата и влажноста на воздухот научниците ги создале со помош на фитотехнички комплекс, кој заеднички го дизајнирале Астрофизичкиот институт и научниците.

- Advertisement -

„При одгледувањето на билките користена е тенкослојна замена за почва, хранливи раствори и посебно осветлување. На почетокот на април беа засадени две сорти лубеници кои рано зрејат и се способни да се прилагодат на нискиот атмосферски притисок и недостигот на кислород. Цветовите рачно беа опрашени на крајот на мај, а во јули поларните опрашувачи можеа да ги пробаат првите плодови. Целиот процес траеше 108 дена”, велат во соопштението.

Директорот на AARI, Александар Макаров, вели дека освен научниот интерес и практичната корист од свежото овошје, бобинките и зелјето, заедничкиот проект имал бројни дополнителни предности.

- Advertisement -

„Стакленикот на станицата позитивно влијае на емотивната состојба на поларните истражувачи. Долго време се зборува за одгледување билки во сите руски поларни станици, но потребни се прецизни пресметки на ефикасноста и трошоците за проектот“ вели Макаров.

Тоа е так затоа што многу истражувачи поминуваат месеци во изолација, во услови на поларни ноќи, ниски температури и ограничен животен простор. Експериментот наречен „Plants” е покренат во Восток во февруари 2020 година, а оттогаш научниците успешно го разработија системот за одгледување 80 видови зеленчук, вклучувајќи ги и доматите, пиперките, копарот, спанаќот, зелјето итн. Следната цел на тимот е да ја развие технологијата за одгледување капини, боровинки и јагоди.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -