Долго време се веруваше дека 10.000 чекори дневно е магичниот број кој е потребен за човекот да биде здрав и во форма, но ново истражување покажа ека доволни се многу помалку чекори.
Со анализа на над 226.000 луѓе ширум светот утврдено е дека 4.000 чекори дневно се доволни за намалување на ризикот од рана смрт од која било причина. Нешто повеќе од 2.300 чекори се корисни за срцето и за крвните садови, а што повеќе чекори правите, ќе имате поголеми позитивни ефекти. Секои 1.000 дополнителни чекори над тие 4.000 уште повеќе го намалуваат ризикот од рана смрт за 15% се до 20.000 чекори.
Тим од научници од Медицинскиот универзитет Лоџ во Полска и од Универзитетската школа за медицина Џон Хопкинс во САД утврдија дека бенефити од одењето имаат личности од двата пола и од сите старосни групи, без оглед ан тоа каде живеат, меѓутоа одењето е најефикасно за луѓето помлади од 60 години.
Професорот Мациеј Банах од Полска вели дека иако има се повеќе напредни лекови за сите болести, тие не се единствениот одговор.
„Верувам дека секогаш треба да нагласуваме дека промената на начинот на живот, вклучувајќи ја исхраната и вежбањето, кои се главните херои на нашата анализа, може да бидат исто или дури поефикасни во намалувањето на ризиците од кардиоваскуларните болести и да го продолжат животот“ вели Банах.
Светската здравствена организација вели дека недоволната физичка активност е одговорна за смртта на 3,2 милиони луѓе секоја година и дека е четвртата најчеста причина за смрт во светот.
Одењето го намалува крвниот притисок, ги зајакнува мускулите кои ги штитат коските и го зголемува нивото на енергија, а исто така, помага во одржувањето на телесната тежина заедно со здравата исхрана. Понатаму, позитивно влијае на менталното здравје. Се препорачува речиси на сите затоа што благо делува на зглобовите и на мускулите.
На сите пто работат во канцеларија им се советува на секој час да стануваат и да се раздвижат малку.Одењето е најдобра вежба за трудници. За сите, пак, се препорачува шетање во времетраење од најмалку 30 минути секој ден.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)