Се приближува периодот од годината кога идните студентите почнуваат да размислуваат за нивните идни студиски планови. Оваа одлука со себе си носи голема тежина и важност и за многумина се вбројува во една од најважните одлуки во својот живот. Па, доколку си непосредно пред изборот на додипломски студии, овој блог пост е наменет токму за тебе!
Доколку се чувствуваш донекаде исплашено поради мешавината на чувството на одредена носталгија од напуштање на средношколските клупи и чуството на паника и возбуда од започнувањето на новото поглавје во својот живот – не грижи се! Ова чуство е многу нормално, а ние ќе се обидеме да ти помогнеме при избирањето на насоката за студии.
Треба да знаеш дека ова е време кога притисокот од твоето опкружување, мислењата на вашето семејство, пријателите, соучениците и наставниците, па дури и моменталната социјална и економска клима може да те натера да се чувствуваш понесигурен во носењето на одлуката според личниот интерес.
Но, разложувањето на процесот на чекори може да помогне да се отстрани дел од тој стрес. Ние ќе се обидеме да ти помогнеме да откриеш која кариерна патека е вистинскиот избор за тебе. Затоа запомни дека изборот на што да студираш е првиот чекор во твоето академско патување и постигнување на твоите афинитети и желби.
Во продолжение, прочитај ги 5-те совети коишто ќе ти помогнат да одлучиш што сакаш да студираш
Одвој доволно време да откриеш што најмногу ти се допаѓа
За ова издвоивме неколку прашања коишто би можеле да ти помогнат.
- Што те мотивира?
- Каде и во каква професионална средина би сакал да се одвива твојата кариера? Какви очекувања имаш?
- Што ти дава чувство на задоволство?
Можеби звучи очигледно, но навистина запрашај се – „Што ме интересира“? Размисли за тоа што најмногу уживаш да учиш. Ова може да биде цела тема, можеби дури и два предмети или само дел од една тема. Ќе потрошиш минимум три години проучувајќи ја избраната сфера, па затоа е навистина важно да уживаш во учењето за тоа!
Побарај совети и искуства од твоите блиски
Можеш да се потпреш на сопственото опкружување за да ти помогне да ја донесеш одлуката. Одбери ги оние личности од твоето опркужување коишто сметаш дека би ти дале релевантни искуства и совети поврзани со нивниот кариерен пат и изборот на студии. Пријатели, наставници, родители и многу други луѓе би можеле да ти го раскажат нивниот пат што го следеле за да стигнат до сегашната цел и да ти дадат добар совет кој можеби би ти помогнал во твојот избор.
Истражи ги студиските програми на факултетите
Ако веќе се имаш одлучено во која професија сметаш дека најмногу ќе се пронајдеш и знаеш во која област би сакал да студираш, добар совет кој може да ти помогне е да ги истражиш наставните програми и да ги споредиш достапните факултети. Ова би можело да ти помогне и доколу сè уште не си сигурен што точно сакаш да студираш. Сè што треба да направиш е да ги отвориш веб-страниците на сите факултети и детално да ги истражуваш кои наставни програми ги нудат. Потоа детално истражи ги можностите што ти се достапни со издвоените студиски програми коишто ти се најинтересни и според сите собрани резултати со принцип на елиминација издвој најмногу 3 студиски програми.
Откако ќе одлучиш на која насока сакаш да се насочиш, сепак ќе се соочите со многу варијации помеѓу насловите на предметите со многу слични изгледи на различни факултети. Ова е време да се направи уште подлабоко истражување. Препорачуваме да направиш табела со сите информации, за да ти помогне да ги следиш и споредуваш различни програми. Еве неколку работи што треба да ги истражиш:
- Кои предмети се достапни?
Погледни ги задолжителните и изборните предмети за секоја година на студирање. Дали ти се допаѓа изгледот на тие теми? Дали вашиот омилен дел од темата е вклучен или не?
- Како ќе учиш и како ќе бидеш оценуван?
Истражете го начинот на кој се предава студиската програма. Некои програми се многу тешки теоретски, додека други пак имаат многу поголеми практични елементи. Размисли како сакаш да учиш бидејќи тоа ќе влијае на она што ќе го правиш секој ден. Дополнително, можеш исто така да погледнеш како ќе се оценува твоето учење – колкав процент од оценувањето ќе се заснова на испит.
Секако додека правите детално истржување на студиската програма, не се откажувај и демотивирај доколку наидеш на нешто што ти звучи предизвикувачко. Целата поента на дипломирањето е да ги подигнеш твоите знаења и вештини на следното ниво. Неизбежно, тоа ќе биде предизвик, но ќе имаш голема поддршка од твоите предавачи и ментори.
- Други можности
Многу факултети нудат опција за една година во странство, каде што можеш да завршиш една година студирање во друга земја. Можеш исто така да истражиш кои факултети како дел од студиската програма нудат практична работа поврзана со сето тоа што го учиш со цел да стекнеш вредно работно искуство пред да дипломираш.
Спореди ги факултетите кои нудат студии во кои се пронаоѓаш
Следниот логичен чекор што би дошол е да ги истражиш повеќе факултетите коишто ги нудат одбраните студиски програми и да ги споредиш кои се разликите помеѓу нив. Овој пат потруди се уште подетално да ги истражиш соодветните факултети. Покрај студиската програма и предметите, распрашај се и за други области како начин на настава и учење, трансфер на знаење, професори и идни можности за вработување.
Истражи дали ти се допаѓаат опциите што ќе ти бидат достапни со избраната предметна област и со избраниот факултет. Ако имаш на ум некоја работа од соништата, обиди со reverse engineering да ги пронајдеш областите коишто треба да ги знаеш со цел да си квалификуван за таа работа, а потоа откриј кој факултет ти ги нуди тие области на изучување.
Доколку не можеш овие информации да ги најдеш сам, потруди се да стапиш во контакт со задолжен од факултетите којшто би ги имал сите информации коишто сакаш да ги дознаеш.
Консултирај се, процени и конечно…одлучи!
По сите овие совети, мора да се напомене дека на крајот има толку многу променливи кои би можеле да влијаат на твојата одлука, но добрата вест е дека имаш изобилство на ресурси на располагање кои се надополнуваат едни со други.
На крајот, одлуката останува на тебе. Биди сигурен во твојата одлука и знај дека никогаш не е касно за промена. Дури и по одреден период да си несигурен или пак незадоволен од направениот избор, биди сигурен дека постојат многу други можности.
Извор – media.next.edu.mk
Фото – Raw pixel