Лунарниот ровер денес наутро излезе од индиското летало Chandrayaan-3 и почна со истражување на површината на Месечината, соопшти националната вселенска агенција на социјалната мрежа Х (Twitter).
Леталото вчера слета на неистражениот јужен пол на Месечината, неколку дена откако руското летало Luna-25 се сруши во истиот регион на Месечината и со тоа Индија стана првата земја во светот која успеала да спушти летало во тој дел од Месечината.
Ова е вториот обид на Индија да се спушти на Месечината, а на тоа потроши отприлика 68 милиони евра. Леталоѕо за спуштање во претходната мисија Chandrayaan-2 се сруши во 2019 година.
Chandrayaan значи „Месечево возило“ на јазиците хинди и санскрит.
Јужниот пол на Месечината е интересен поради водениот мраз, за кој се верува дека може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за понатамошните мисии, но поради нерамниот терен е тежок за слетување.
Се очекува дека Chandrayaan-3 ќе биде во функција две недели, а ќе прави експерименти кои вклучуваат спектрометрискки анализи на минералниот состав на лунарната површина.
(N1)
(фото: Wikimedia)