Пазарната капитализација или пзарната вредност е една мерка за вредноста на компаниите која ја одредува берзата. Лесно се пресметува со множење на отворените акции на компаниите со моменталната цена на акциите.
Во графикот кој го претстави Visual Capitalist претставен е еден дијаграм на стебло со 50 најголеми компании во светот со кои јавно се тргува подредени според пазарната капитализација, а користејќи податоци од 16 август 2023 година.
Уредникот на Visual Capitalist напоменува дека иако пазарната капитализација е едноставен начин за споредување на јавните претпријатија, има некакви ограничувања. Она што е најбитно е дека не го зема предвид долгот или готовината.
Од нивните податоци можеме да видиме дека во светот постојат само неколку компании вредни трилиони долари, меѓу кои се Apple, Microsoft, Saudi Aramco, Amazon, Alphabet и Nvidia.
Два поранешни членови на клубот од трилиони долари се Meta и Tesla, но и двете компании моментално се движат на ниво од околу 700 милијарди долари во поглед на пазарната капитализација. Meta изгуби голем дел од вредноста затоа што заработката падна, додека Tesla има последици од загриженоста во однос на побарувачката.
Вкупно тие 50 највредни компании во светот претставуваат 26,5 трилиони долари вредност за акционерите. На ниво на сектори, Информациските технологии се најзастапени во првите 50, со 9,3 трилиони долари комбинирана пазарна капитализација. Следните најголеми сектори се Потрошувачка дискреција со 4 трилиони долари и Здравствена заштита со 3,3 трилиони долари.
На географско ниво, најголем дел од 50 највредни компании се американски. После САД, три најзастапени земји се Швајцарија, Франција и Кина, со по 3 компании. Од Швајцарија се Nestle, Roche и Novartis, од кои првата е од прехранбена индустрија, а другите две се од здравствениот сектор. Сите француски компании на листата се од секоторот Потрошувачка дискреција и (LVMH, Hermes, L’Oreal).Од Кина две компании се глобално познати компании – Tencent и Alibaba, а третата е Kweichow Moutai, производител на алкохолни пијалаци.
(Bizlife)
(фото: Visual Capitalist)