Каде завршуваат пластиката и лименките од повратните вендинг машини?

- Advertisement -

Со растот на свеста за грижата за животната средина, а особено за важноста на рециклирањето на пластиката и лименките кои ги користиме секојдневно, почна да се зголемува и интересот за алтернативни начини за селектирање и одложување на отпадот. Следејќи го овој тренд, сведоци сме дека во повеќе градови во земјата веќе почнаа да се користат повратните вендинг машини на Пакомак. Но, каде точно завршуваат пластиката и алуминиумот собрани во овие автомати?

Повратните вендинг машини на територијата на Македонија ги поставува компанијата за управување со амбалажен отпад, Пакомак. Таа игра клучна улога во зајакнување на отпадната инфраструктура, но и во постојаната едукација на домашното население за важноста на одговорното одложување на отпадот. Преку поставување на новите вендинг машини, Пакомак во соработка со повеќе институции и компании од земјата, ги охрабрува луѓето да ги користат машините не само за да придонесат кон борбата за чиста животна средина, туку и да добиваат одредени придобивки преку системот на „зелени поени“ во Ecomak апликацијата.

- Advertisement -

Откако отпадот ќе се собере преку вендинг машините, тој се подложува на специфичен процес на преработување и рециклирање. Бидејки во нашата држава нема рециклирачки капацитети собраниот отпад од машините завршува на рециклирање во најблиските земји. Целта на рециклирањето на пластичните шишиња од машините е да го продолжиме животот на материјалот, во овој случај ПЕТ пластиката, така што ПЕТ пластичното шише кое сте го одложиле минатата недела ќе се рециклира и тој матерјал ќе се искористи за производство на исто такво шише кое што во иднина може повторно да заврши кај вас. Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише за иста намена со цел што е можно помалку да користиме матерјали од природата за производство на амбалажата.

Иста е праксата и со алуминиумските лименки практикувајки ја циркуларната економија со цел да ги штедиме ограничените ресурсите од земјата за производство на нови производи.

- Advertisement -

Партнерството меѓу „Пакомак“ и швајцарската амбасада има за цел да го реши актуелниот проблем со отпадот од пакување и да промовира одржливи практики во Македонија. Со воведување на паметен систем за управување со отпад, овие автомати ќе ги поттикнат поединците активно да учествуваат во напорите за рециклирање и да придонесат за почиста животна средина.

Пакомак постави повратните вендинг машини на 65 различни локации ширум земјата, кои можат да се најдат во главниот град Скопје, но и во Битола, Тетово, Берово… Се работи за проект во партнерство со Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, чија цел е да го олесни одложувањето на отпадот, да промовира одржливи практики и конечно, да го реши проблемот со рециклирање на амбалажниот отпад. Со паметниот систем придружен со мобилната апликација Ecomak, Пакомак го поедноставува процесот на одложување отпад и нуди посебни придобивки за сите оние кои тоа го прават редовно и правилно.

- Advertisement -

Иако има напредок во селектирањето и рециклирањето на отпадот, сè уште има многу работа. Потребни се постојани напори за подигање на свеста на граѓаните и подобрување на инфраструктурата за рециклирање за дополнително да се намали процентот на отпад што завршува на депониите. Само со личен пример но и преку колективни акции на домаќинствата, компаниите и владините институции можеме да ја заштитиме нашата животна средина и да создадеме одржлива иднина.

Придонесот на Пакомак, заедно со имплементацијата на вендинг машините, служи како суштински чекор кон постигнување поефикасен систем за управување со отпад и промовирање на циркуларна економија во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -