Официјално потврдено: летото 2023 година е најтопло во историјата

- Advertisement -

Топлотните бранови и рекордните температури измерени на Медитеранот се најдобар показател за климатските промени, но податоците кои ги собра и ги објави Коперникус службата за климатски промени, Европскиот центар за средноречни вреенско прогнози во името на Европската комисија, го докажаа она што на сите во Европа им беше веќе јасно – ова лето е најтоплото досега.

Како што истакнуваат, нивните наоди се базираат на компјутерски генерирани анализи кои користат милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот.

- Advertisement -

Сооред тие податоци, сезоната јуни-јули-август 2023 година била најтоплата кога било забележана на глобално ниво со просечна температура од 16,77°C, што е 0,66°C над просекот. Просечната температура во Европа во текот на изминатите три месеци била 19,63°C, што е за 0,83°C над просекот.

Август 2023 година е најтоплиот август забележан на Земјата и потопол од сите останати месеци освен јули 2023 година. Глобалната просечна површинаска температура на воздухот била 16,82.°C во август, што е за 0,71°C повисока од август во периодот од 1991 до 2020 година, a 0,31°C потопла од претходниот најтопол август во 2016 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Grant&Co)

Сподели!
- Advertisement -