Apple загуби 200 милијарди долари за 2 дена поради одлуката на Кина

- Advertisement -

Акциите на американската технолошка компанија Apple (Apple) паѓаат веќе втор ден по информациите дека на вработените во кинеската влада им е забрането да користат iPhone, пренесува порталот Б92.

Вредноста на компанијата на берзата падна во последните два дена за повеќе од шест отсто или речиси 187 милијарди евра (околу 200 милијарди долари). Кина е трет по големина пазар на технолошкиот гигант, каде што само минатата година оствари 18% од вкупниот приход, јавува Би-Би-Си.

Во оваа азиска земја, повеќето производи на Apple ги произведува нејзиниот најголем снабдувач, Foxconn. Американскиот весник „Волстрит журнал“ пред два дена објави дека Пекинг им наредил на вработените во државните агенции да не носат и користат iPhone додека се на работа, а агенцијата Блумберг наведува дека забраната може да се прошири и на вработените во други државни органи.

- Advertisement -

Фото – Trusted Reviews

Сподели!
- Advertisement -