Литиумот е најлесен од сите познати метали, а неговата примена е многу широка, па се уште е речиси незаменлив во индустријата за батерии, како солта во органските синтези, металугирјата, аналитичката хемија, а се користи и во медицината за сузбивање на маничното и депресивно однесување.
Литиумот во природата може да се најде во тврдите минерални руди, но често се екстрахира од солените подземни води, а тој процес наскоро може да биде благодарение на новата техника за екстракција на база на жица.
Со постоечките технологии солениот раствор богат со литиум мора да се испумпува во вештачки езера, каде што се остава неколку месеци до неколку години. Во текот на тој период водата испраува во атмосферата, оставајќи зад себе концентрирани соли од кои потоа се извлекува литиумот.
Освен што трае долго, овој процес бара големи подрачја за базени за испарување, а за најголем дел од таквите операции да бидат економски исплатливи, најголем дел од нив мора да бидат сместени на места кои имаат големи и издашни подземни лежишта на литиумова солена вода.Тие места, исто така, мора да имаат сушна клима која поттикнува испарување.
Професорот по градежно инженерство и инженерство за животна средина, Џејсон Рен, и студентката по градежништво и инженерство за животна средина Меиги Јанг и нивните колеги од Универзитетот Принстон осмислија нов процес за екстракција на литиум. Нивниот процес дава употреблив литиум за помалку од еден месец, а зазема околу 10% од земјиштето што е потребно за постојните базени и се исплатува да се користи на локации каде што има дури и скромни резерви на литиум.
Низи од литиумски живи се обесени преку резервоари исполнети со солена вода, со долниот крај на секоја жица потопен во течноста. Капиларното дејствување ја повлекува течноста од јадрото на влакната, додека површината на влакната ја турка течноста во воздухот, каде што водата брзо испарува. Како резултат на тоа секоја жица станува покриена со кристали на литиум хлорид и натриум хлорид, кои може да се соберат рачно, а литиумот и натриумот не се помешани.
Научниците веќе ја демоснтрираа техниката на базен со 100 жици и сега работат на зголемување на ефикасноста на техниката. Исто така, основаа и спиноф компанија PureLi Inc за да ја комерцијализираат технологијата.
Нивната студија е објавена во списанието Nature Water.
(Vidi.hr)
(фото: ieee.org)