Оваа есен од 27-ми до 29-ти октомври ќе се одржи 12тото издание на Startup Weekend Skopje. Startup Weekend Skopje е 3-дневен настан каде млади иноватори, ентузијасти и претптиемачи имаат можност да креираат и да ги претстават своите иновативни решенија пред пошироката стартап сцена. Поддржан од Google for Entrepreneurs, Теchstars Startup Weekend е интернационален настан кој се организира во повеќе од 159 земји и низ кој поминале над 430,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 12-ти пат, а премиерно како темaтско издание – Sustainability.
Клучот за нашата иднината се крие во само еден збор: одржливост. Сега е времето за водење бизнис на еден поинаков начин: кој при секоја одлука ги зема в предвид нашата економија, општество и околината – од почеток до крај. Дојди и иновирај за зелена иднина!
Без разлика дали сте ентузијаст на темата за одржливост од било кој аспект, искусен претприемач, дизајнер, девелопер, инженер… секој може да се придружи на Startup Weekend Sustainability Skopje – со или без конкретна идеја Во текот на 54 часовниот настан (петок до недела навечер), ќе бидете предизвикани да ги презентирате вашите идеи, да формирате тимови, да развиете продукти и бизнис модели. За време на настанот ќе бидете менторирани од докажани експерти од областа, како и успешни претрпиемачи и секако финансиско советување, кои ќе ве подготват за лансирање на вашата компанија!
Уште еден новитет за оваа година е и локацијата на оддржување на настанот. Станува збор за централната експозитура на ProCredit Banka Skopje, која е одговорна финанска иниституција и секогаш поддржува настани и компании кои се грижат за зелена и чиста животна околина. Воедно, Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за поодржлива иднина со Startup Weekend Sustainability Skopje.
На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.
Картите за овогодинешниот Startup Weekend Sustainability Skopje се веќе во продажба и можете да ги купите на следниот линк.
Придружете се со своите идеи на движењето за позелен свет. Заедно, можеме да направиме трајно влијание на планетата.