Истражувачи од австралискиот универзитет RMIT открија дека можат да произведат бетон кој е 30% поцврст со обработка и додавање на талог од кафе во мешавината. Нивниот нов рецепт може истовремено да реши многу проблеми.
Секоја година светот произведува 10 милијарди кг отпад од кафе, од кои најголем дел завршува на депонија. Менаџирањето со отпадот од каде е еколошки предизвик затоа што од него се емитуваат огромни количини стакленички гасови, вклучувајќи метан и јаглерод диоксид, објаснуваат од RMIT.
Органските производи како што е талогот од кафе не може да се додаваат директно во бетонот затоа што пропуштаат хемикалии кои ја намалуваат цврстината. Затоа австралискиот тим користејќи ниско ниво на енергија го загрева талогот кафе на над 350 степени Целзиусови, додека го отстранува кислородот од него.
Овој процес се нарекува пиролиза. Тој ги разградува органските молекули, што доведува до создавање на биојаглен, кој може да формира врски со цементниот матрикс и на тој начин да се вгради во него.
Резултатите биле изненадувачки: бетон со 15% седименти, кој е загреан на 350 степени, имал цврстина поголема за 30%. Експериментот имал две големи предности: првата била поврзана со цврстината, а другата предност е еколошка затоа што талогот кафе може да го замени песокот, што со тек на време може да доведе до помалку вадење песок и загрозување на животните средини.
Научниците се обиделе да пиролизираат талог од кафе на 500 степени Целзиусови, но добиените честички на биојаглен биле недоволно цврсти. Тие велат дека уште треба да се проценува трајноста на цементниот производ и сега работат на тестирање на добиената мешавина од талог од кафе и цемент при замрзнување и одмрзнување, впивање вода, абразија и многу други стресови. Работат и на создавање биојаглен од други извори на органски отпад, вклучувајќи дрво, отпад од храна и земјоделски отпад.
(Science Alert)
(фото: Public Domain Pictures)