Volkswagen дели откази поради слабиот интерес за електрични возила

- Advertisement -

Автомобилскиот гигант Folksvagen ибјави дека поради слабата побарувачка ќе се намали бројот на работни места во фабриката за електрични автомобили Цвикау во Германија. Така, после истекот на 12-месечниот договор без работа ќе останат 269 работници, а деталите ќе бидат утврдени во текот на наредните неколку дена во договор со работничкиот совет.

Од компанијата наведоа дека ги гасат работните места порад актуелната ситуација на пазарот. Се смета дека побарувачката за електрични автомобили е слаба поради високата инфлација и укинувањето на државните субвенции. Автомобилите на електричен погон се поскапи од моделите со внатрешно согорување.

- Advertisement -

Фабриката во Цвикау слопуваше исклучиво електрични автомобили за VW и за нивните подружници Audi и Cuprа. Има вкупно 10.700 вработени, вклучувајќи 2.200 на определено работно време, кои исто така може да останат без работа.

Folksvagen и понатаму е 100% уверен дека треба да продолжи по патот на електричната мобилност, велат од компанијата. Погонот е првиот во Европа кој почна со производство на електрични возила: моделите на VW ID.3, ID.4 и ID.5, на Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback и Cuprа Born. Производството на автомобили о класични мотори беше прекинато во 2020 година.

- Advertisement -

(SEEBiz)

(фото: Volkswagen)

Сподели!
- Advertisement -