Вардарскиот регион со храбра иницијатива за поттикнување на иновациите во туризмот

- Advertisement -

Во срцето на Вардарскиот регион се случува промена. Велес, град традиционално познат по својата историја е подготвен да стане нов епицентар за иновации. Благодарение на лансирањето на иновативниот хаб, која започна соработка неодамна. Оваа иницијатива е повеќе од само заеднички работен простор, таа има за цел да ја револуционизира локалната економија и да обезбеди платформа за младите претприемачки умови кои можат да ја поттикнат стартап сцената во овој регион. Додека центарот се подготвуваше да биде домаќин на својот прв хакатон посветен на иновациите во туризмот, ние седнавме со визионерите зад овој трансформативен проект да разговараме за нивната идеа, амбиции и неискористениот потенцијал на Велес и околниот Вардарски регион. 

Сашо Мошев е директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион, а Маријана Милевска како експерт и директорот на Преда Плус Фондацијата доаѓа како партнер за споделување на искуствата кои оваа формација ги има евидентно во своето портфолио и во работа со стартапи и со инспирирање на иновации.

- Advertisement -

Како се роди идејата за отварање на Вардарскиот иновациски хаб и зошто сметате дека Вардарскиот регион е идеална локација за ваква иницијатива?

СМ: Искрено, идејата за овој проект е разработена од претходнот раководство на Центарот за развој на вардарскиот плански регион и нашите партнери Фондацијата Преда плус, како фондација со големо искуство во делот на стартапите, иновативноста и развојот на иновативни решенија. Кога дојдов проектот беше во застој, а како идеја беше доста интересна, па за тоа се ангажиравме да најдеме решение овој проект да го реализираме и да дојдеме со самиот крај, каде што резултатите се видливи. Нашиот регион има голем потенцијал за развој на ваква иницијатива, земајќи го во предвид фактот дека ние сме економски доста развиен регион, со присуство на многубројни компании во кој што работат во повеќе сектори и се надевам дека секоја идеја која што ќе произлезе од овој хаб ќе биде препознаена од нашите компании во регионо.

- Advertisement -

ММ: ПРЕДА Плус со Центарот за развој на Вардарски регион има долгогодишна соработка, практично од неговото формирање со носењето на првиот Закон за рамномерен регионален развој во 2007 година. Спојот на потенцијалите кои овој регион ги има за иновации посебно во туризам, нашите догогодишно искуство во креирање на екосистем за иновативност како и волјата на локалните носители на одлуки, пред се на градоначалникот на Велес се иницијалната каписла да се побараат ЕУ фондови за негова релаизација. Со професионалното спроведување на проектот од страна на песоналот на Центарот за развој на Вардарски регион овој Вардарски иновациски хаб неодамна го виде светлото на денот.

Каква експертиза ви беше потребна за да го лансирате во овој проект од идеја до реализација?

- Advertisement -

СМ: Ние како Центар за развој на ВРП, немаме стручни лица во овој сегмент, за тоа тука беа нашите партнери Фондацијата Преда Плус кој што со нивната долгогодишна експертиза во делот на стартапи и иновации ни помогнаа да оваа идеја дојде до реализација, со што ке започнеме една нова Програма за туристички иновации во Вардарскиот регион, и како регион ке ја надополниме туристичката понуда со уште еден нов иновативен продукт.

ММ: ПРЕДА Плус е фондација од професионалци и соработници во областа на развој на приватен сектор, иновации, стартапи, ваботување на млади, но и модели за соработка со јавни институции. Оваа соработка ни е посебно драга заради отворената комуникација која ја имаме со Центарот на Вардарски плански регион со кои заеднички ги детектираме потребите кои регионот ги има и изнаоѓме на успешни модели и фондови за нивна реализаија.

Иновативниот туризам е растечки тренд во светот. Како планирате со објавениот повик и со овој хаб да придонесете во овој шифт, особено во регионот кој нема изразена туристичка понуда?

СМ: Не би рекол дека нашиот регион нема изразена туристичка понуда, можеби нема во делот на иновативноста но за тоа ние се стремиме заедно со нашите партнери со кои соработуваме секојдневно да изнајдеме и идентификуваме интересни теми за развој на регионот.  Вардар иновациски хаб ќе биде место каде што во иднина ќе се создаваат и развиваат идеи, иновации и бизнис визии што ќе придонесе за напредок на Вардарскиот регион и ќе можеме да се впишеме во мапата на региони во кој што се дава акцент на иновативноста и поддршката на старт ап заедницата.

ММ: Потенцијалот е секако во Вардарски регион со сите убавини и даватели на услуги. Почнува да се развива една убава приказна и со продолжената рака на винариите во туризам. Низ регионот веќе транзитираат голем број на туристи. Можеби најголемиот потенцијал е во недоволна видливост на атракциите кои овој регион ги има. Првата генерација на статапи се занимава баш во оваа област со користење на виртуелната реалност како технологија. Потенцијалите се големи, првите чекори се направени и останува понатаму да се работи во искористување младите умови и технологиите во функција во развој на туризмот.

Овој викенд го организирате и првиот хакатон, кои се целите кои сакате да ги постигнете и дали ќе може да се вклучи и поширока публика?

СМ: Точно, од 21-23 Септември започнува и првиот хакатон во новоотворениот Вардарски иновациски хаб, каде учесниците ќе добијат менторска поддршка и ќе имаат можност да ги презентираат своите бизнис идеи до потенцијалните инвеститори.

Со отварањето на хабот започна и старт ап програмата за подршка на туристички иновации во ВПР. Целта на оваа програма е да се обезбеди активно знаење и подршка за развој на иновативни бизниси во делот на туризмот преку подршка на ментори кои со своето искуство ќе придонесат кон остварување на целта. Ние претходно распишавме Отворен повик за бизнис идеи во областа на туризмот, на кој се пријавија вкупно 19 идеи од кои се избраа вкупно 9 со кои што се работеше изминатата недела и истите своите идеи ќе можат да ги претстават на предстојниот хакатон.

Кои се првите итни чекори за развој на Хабот по завршувањето на хакатонот, а ќе придонесат во развој и раст?

СМ: Ако сакаме оваа иницијатива да фунцкионира, мораме после завршувањето на сите активности, заеднички со општините од регионот да ги утврдиме насоките по кој што сакаме да фунцкионира ваков иновациски хаб, за кој што сметам дека со заедничка подршка ќе придонесеме кон подобрување на турустичката понуда во регионот, а со тоа ќе се обезбедат услови за стимулирање на економската активност, како и подршка и одржување на одржлив развој во делот на туризмот.

ММ: Првите анализи веќе се направени и разговори со сите чинители, но секако стоиме на располагање да поделиме и се она што ПРЕДА Плус во изминитатите години го следи во делот на екосистем за иновации од светски успешни примери кои можат да најдата примена и кај нас.

За пет години отсега, кој импакт го предвидувате во Велес и регионот?

Нашиот регион има голем потенцијал за развој на туризмот, земајќи ги во предвид сите предности кои ги има, а тука е географската поставеност, поврзаноста со автопатот А1 кој што е дел од коридорот Е-75, како и природните реткости кои ги има овој регион. Но, согледувајќи ја политичката состојба во нашата држава и како ние како држава се развиваме и помошта која што би можеле да ја добијат крајните корисници, лично сметам дека тежок ке биде патот по кој што можеме да ја развиваме иновативноста во делот на туризмот. Не велам дека не е можно, но пак ке повторам , имаме гопем потенцијал, но ако се потрудиме сите заедно да се зафанеме со работа, мислам дека Вардарскиот регион може да прерасне во регион во кој што турзмот ќе биде главна гранка.

Сподели!
- Advertisement -