Астроидот наречен Benu е новата голема закана по нашата планета и доколку се сруши на Земјата, постои шанда да предизвика пустош на 975 км од местото на несреќата. НАСА веќе наголемо прави планови да му ја смени траекторијата на движење и да избегне катастрофа.
Benu е широк околу 500 метри, што дупло помалку од астеориодт за кој се верува дека ги убил диносаурусите. Меѓутоа, ако Benu се сруши на Земјата, тоа ќе предизвика пустош на стотици километри околу него, а не е доволно голем за да предизвика изумирање ширум светот.
НАСА прави планови како да се судри со астеоидот и да тргне во друг правец, а како што велат, нивната мисија е во завршна фаза. Како што се вели официјално на сајтот на НАСА, на 25 септември 2135 година овој астероид ќе помине блиску до Земјата, но мали се шансите да удри директно во неа.
„При разминувањето постои многу мала шанса Benu да помине низ гравитациската клучалка, односно област во вселената која би го поставила на прав пат да удри во Земјата. Иако тешко е да се одредат шансите тоа навистина да се случи, новите податоци на вселенското летало OSIRIS-REK на НАСА на научниците им овозможија подобро да моделираат како ќе се развива орбитата на Benu со тек на време и подобро да ја пресметаат веројатноста за судир. Сега новиот научен тим на OSIRIS-REK на Benu му дава шанси од 1:2700 (0,037%) да се удри во Земјата на 24 септември 2182 година“, велат научниците.
Велат дека астероидот има пречник до 93 метри, односно отприлика иста величина како Статуата на слободата и Биг Бен. Исто така, трипати е поголем од астеоридот Челјабинкс, кој удри во Русија во 2013 година и предизвика серија ударни бранови кои уништија околу 7.200 згради и повредија 1.491 луѓе.
(N1)
(фото: Flickr)