Вештачката интелигенција на Google ќе влече информации од вашите мејлови за да испорачува персонализирани одговори?!

- Advertisement -

Google започна со имплементација на значајно ажурирање за својот четбот со вештачка интелигенција Bard. Со новите функции именувани како „Bard Extensions“, четботот ќе добие можност да пристапи до низа апликации и услуги на Google, вклучувајќи ги Gmail, Maps, YouTube, Drive и Flights.

Целта на ажурирањето е да му овозможи на четботот да испорачува персонализирани одговори и способност за справување со покомплексни задачи поставени од страна на корисниците. На пример, корисниците сега ќе можат да побараат од Bard да им креира персонализиран план за патување, влечејќи податоци од нивните мејлови, закупени летови и други услуги кои ги нуди Google.

- Advertisement -

Од Google ги уверуваат своите корисници дека не треба да се грижат за приватноста, бидејќи Bard немало да користи лични информации за рекламни цели или за обука на вештачката интелигенција.

Најновото ажурирање од Bard вклучува и нова функција за „двојна проверка“, која им овозможува на корисниците да ја проценат точноста на одговорите дадени од четботот. Имено, штом се кликне на соодветното копче, делови од одговорот на четботот ќе бидат осветлени – посочувајќи каде резултатите од пребарувањето на Google го поддржуваат или отстапуваат од генерираниот одговор на Bard.

- Advertisement -

Дополнително, новото ажурирање ќе им овозможи на корисниците да ги споделуваат своите разговори со други луѓе.

Новите функциите веќе се достапни за корисниците кои го користат англискиот јазик, при што Google планира да го прошири опсегот на Bard на 40 други јазици.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -