Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.9.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,198%, кај дизелот за 3,096% , кај екстра лесното масло за 1,768% и кај мазутот зголемувањето е за 0,699%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,389%
Од 26.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)
85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,715 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,447 ден/кг и ќе изнесува 48,715 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.9.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени