Антарктикот последните години поминува низ значајни трансформации. Најјужниот леден континент на Земјата е сведок за пролиферацијата на мовта и алгите на своето копно, со впечатливо намалување на површината на морскиот мраз кој лови. Тие промени се во комбинација со порастот на летните температури, а во 2022 година научници од Универзитетот Вашингтон го докумнетирале најопсежниот топлотен бран на Антарктикот во историјата.
Во текот на тој топлотен бран температурите во близина на јужниот пол пораснале на неверојатни 38 степени Целзиусови над нормалата, и тоа три дена по ред, достигнувајчи го врвот на -10 степени Целзиусови.
Тоа е најтоплата температурна аномалија забележна кога било во светот, вели главниот автор на студијата, Едвард Бланшар-Ригелсворт. Неговата студија е објавена во списанието Geophysical Research Letters. Некои научници кои во тоа време работеле на Антарктикот дури се облекле по кратки шорцеви и излегле да се сончаат без маици.
Тој развој на настаните нагласува дека Антарктикот не е имун на влијанијата од климатската криза, која некои научници ја доведуваа во прашање. За да проценат во која мера климатските промени придонеле за неодамнешниот топлотен бран. Тимот употребил стратегија за моделирање која ги рекреира моменталните климатски настани, земајќи ги предвид минатите и веројатните идни сценарија.
Сметаме дека климатските промени во минатиот век го засилиле топлотниот бран за 2 степеи Целзиусови, додека еквивалентниот топлотен бран во 2096 година ви бил за 6 степени потопол од 2022 година, велат авторите на студијата. Таквото сценарио може опасно да се приближи до температурите на топење во март.
Моментално Антарктикот и поврзаните острови претежно се прекриени со постојан снег и мраз, а само мал процент е погоден за билки како антарктички влакна и антарктичкиот бисер. Меѓутоа, топлината на пролетта и летата во последните децении го поттикнаа растот на овие билки, при што стапката на раст од 2008 до 2018 година е поголема за над 20%.
Предвидувањата покажуваат дека до крајот на овој век површината без мраз на Антарктикот може да се зголеми трикратно, со што се ќе создаде прилика за колонизација на билки.
За жал, благата клима ќе ја намали бариерата на инвазија на непознати билки и животински видови, предупредуваат научниците.
(Science Alert)
(фото: Piqsels)