LG Electronics објави дека направиле успешен безжичен пренос и прием на 6G терахерц податоци на над 500 метри, што е најголемото растојание досега забележано во кој било 6G тест спроведен во отворена урбана средина досега. Во соработка со LG U+, тестот е направен на почетокот на септември во LG Sciencepark во Сеул.
Ова најново достигнување следува после успешниот тест на компанијата во 2022 година кога безжично испраќаа и примаа податоци од 6G THz на оддалеченост од 320 метри во Институтот Фраунхофер Хајнрих-Херц во Берлин. LG и институтот соработувале за да развијат основна опрема за 6G приемр и пренос, вклуќувајќи повеќеканален засилувач на моќност приемен нискошумен засилувач, што помогна во оптимизацијата на перформансите подобрување на излезот за над 50%.
Новиот тест во LG Sciencepark е битен не само затоа што LG го зголеми растојанието на безжичен пренос на 500 метри, што е стандардна оддалеченост за базните станици со голема моќност во урбаните средини, туку и затоа што ја потврди употребивоста на 6G во реални комуникациски сценарија, вклучувајќи терминал зграда-зграда и терминал земја-земја. Компанијата сега е чекор поблиску до комерцијализација на 6G THz комуникација.
Еволуцијата на 6G телекомуникацијата ќе овозможни значително покачена брзина на пренос на податоци, како и ултра ниска латенција и комбинацијата комуникација-вештачка интелигенција и комуникација и сензори. Напредните 6G можности ќе бидат клучни за неколку идни решенија за автономно возење и мобилност на LG, метаверзумот, паметните домови и паметните фабрики.
Се очекува дека дискусиите за стандардизација на 6G мрежата ќе почне околу 2025 година, а комерцијализацијата е предвидена за 2029 година.
Во 2019 година LG заедно со Корејскиот напреден институт за науки и технологија воспоставија истражувачки центар LG Electronics-KAIST 6G, првиот кооперативен истражувачки центар од овој тип меѓу индустријата и универзитет во Кореја. Компанијата продолжува да ја развива 6G основната технологија соработувајќи со водечки универзитети од целиот свет. LG, исто така, има склучено партнерства за истражување и развој со разни институти, меѓу кои и германскиот Институт Фраунхофер.
(Vidi.hr)
(фото: Facebook)