Јапонски научници открија микропластика во облаците

- Advertisement -


Истражувачи од Јапонија потврдија дека микропластиката е присутна и во облаците, каде што веројатно влијае на климата на начини кои уште не ги разбираме.Во студијата објавена во списанието Environmental Chemistry Letters јапонските научници велат дека се искачиле на планините Фуџи и Ојама за да соберат вода од маглата која ги обвиткува врвовите, а потоа примениле напредни техники на снимање за да ги утврдат хемиските и физичките својства на водата.

Така тимот идентификувал девет различни типови на полимери и еден вид на гума во воздухот, чија величина била од 7,1 до 94,6 микрометри. Секој литар тестирана вода од воздухот содржел од 6,7 до 13,9 парчиња пластика.

- Advertisement -

„Ако прашањето за загадувањето со пластика не се реши проактивно, климатските промени и еколошките ризици може да станат реалност и да предизвикаат сериозна и неповратна штета на околината“ предупредува главниот автор на истражувањето, Хироши Окочи, од Универзитетот Васеда.

Кога микропластиката ќе дојде до горната атмосфера и ќе биде изложена на ултравиолетовите зраци на сонцето, таа се разградува и придонесува за создавањето стакленички гасови, вели Окочи.

- Advertisement -

Микропластиката, односно пластичните честички со големина под 5 милиметри кои потекнуваат од индустриските отпадни води, тесктилот, синтетитчките автомобилски гуми, производите за лична нега и другите извори – веќе е откриена во рибите, во арктичкиот мраз и во снегот на планините Пиринеи меѓу Франција и Шпанија.Меѓутоа, уште е нејасно на кој начин пластиката стигнува дотаму.

„Според нашите сознанија, ова е првиот извештај за присуство на микропластик во вода од облаци“ велат авторите во својата студија. Тие додаваат дека нивните истражувања покажале дека микропластиката ја голтаат или ја вдишуваат и луѓето и животните и дека е откриена во повеќе органи како што се белите дробови, срцето, крвта, постелката и изметот.

- Advertisement -

Тоа имплицира дека микорпластиката можеби станала есенцијална компонента на облаците и контаминира речиси се што јадеме и пиеме преку ‘пластичните дождови’, велат од Универзитетот Васеда.

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -