Катарски студенти направија 3Д испечатен морков што може да се јаде

- Advertisement -

Двајца студенти од Катар направија 3Д принтер кој може масовно да печати зеленчук, нешто за што се надеваат дека ќе биде решение за растечката несигурност со снабдувањето со храна ширум светот.

Мохамед Анан, 20 години и Лујаин Ал Мансури, 21 година, користеле вештачки одгледани клетки на зеленчук и УВ светлина за да испечат прототип на морков кој може да се јаде, нешто што досега не е направено со зеленчук.

- Advertisement -

Тие двајца се студенти на информациски системи на Универзитетот Карнеги Мелон во Доха и ја освоија главната награда во категоријата FoodTech на натрепварот кој неодамна го организираше катарската развојна банка.

Анан и Ал Мансури својот принтер го направиле од нула и по целиот свет барале делови кои им биле потребни за да можат да испечат морков на револуционерен начин.

- Advertisement -

Досега 3Д печатена храна која може да се јаде се правеше од пире од овошје или зеленчук, конвенционално одгледнаи, но тие методи не можат да поддржат масовно производство. Анан и Ал Мансури направија технологија за маскирана стереолитографија, која користи ултравиолетова светлина за „боја“ за принтерот, која овозможува брзо масовно печатење во споредба со постоечките методи за 3Д печатење.

Само 2,5% од површината на Катар е обработлива, а тоа е проблем со кој се соочуваат и многу други земји. Катар наголемо се базира на увоз и земјата од неодамна работи на намалување на зависноста и на огледување сопствена храна, но тоа има свои предизвици. Да се претвори претходно необработливо земјиште во обработлива почва е многу скапа постапка, па затоа двајцата студенти сакале да понудат решение.

- Advertisement -

Клетките од зеленчукот се собираат и се размножуваат во стерилни лабораториски услови. Потоа се користат за создавање боја за принтер, осетлива на УВ светлина, која се користи во принтерот. Клетките потоа можат да се обликуваат и да се испечатат во форма ма морков или во која било сакана форма со помош на принтерот.

Според последниот извештај на ОН, објавен во јули годинава, 735 милиони луше моментално се соочуваат со глад, а уште 122 милиони луѓе гладуваат уште од 2019 година како резултат на пандемијата на КОВИД-19, климатските промени и воените судири, вклучувајќи ја и војната во Украина.

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -