Драгана Младеновска Колева, позната како Драгана Fitlife е магистер по фармација, диететика и диетеотерапија. Таа е сопственик сум на Fitlife Studio и веќе повеќе од 10 години e групен фитнес тренер. Fitlife e студио е специјализирано студио за групни тренинзи (аеробик и пилатес) со успешна приказна и многу задоволни клиенти веќе 6 полни години, a поводот за интервјуто со Драгана е да разбиеме одредени митови со кои се соочуваме во однос на здравата исхрана и воопшто здравиот начин на живот, но и да се инспирираме дека никогаш не е доцна за промени и старт на поактивен начин на живеење.
Новинар – Верица Јорданова
Драганa, живееме во многу стресно време, преполни агенди и изложеност на негативни надворешни влијанија. Како во ова се вклопува здравиот начин на живот и што се подразбира под овој термин?
Брзиот начин на живот, развојот на технологијата и на светот не изложија толку многу на лоши нутритивни навики и седечки начин на живот така што голем предизвик е да се храниш добро, нутритивно и балансирано и да бидеш активен иако тоа е она нормалното, она за кое ние сме создадени. Реално ако сакаме здравиот начин на живот да биде наш животен стил треба само силно да сакаме и малку да се потрудиме. Факт е дека имаме достапност до секаква храна, но ако свесно го бираме она што е здраво и нутритивното, можеме да се храниме поинаку. Исто е и со активноста. Ако сакаме да си најдеме изговор дека после работа сум уморна и немам време да вежбам, можам, но ако му кажам на мојот мозок дека вежбањето после работа нема да ме измори туку напротив ќе ми даде многу повеќе енергија и продуктивност, тогаш се добива една поинаква перцепција и работите веќе полесно се вклопуваат во нашето брзо секојдневие.
Постојат бројни истражувања кои ја истражуваат корелацијата меѓу здравите навики и продуктивноста на работното место. Какво е твоето искуство во оваа насока и колку компаниите ја препознаваат оваа потреба?
Странските компании веќе неколку години го препознаваат тоа и гледам дека се трудат да им овозможат на вработените достапност до активности затоа што се свесни за користа. Сепак, не сите компании гледаат од ваков агол и треба сè уште едукација и потенцирање на крајниот бенефит кој една компанија ќе го добие ако вработените имаат подобар квалитет на живот. Активноста покрај физичкото здравје, го подобрува и менталното здравје и прави неверојатен баланс на невротрансмитерите во мозокот кои го диктираат на некој начин нашето однесување, интеракцијата со другите, продуктивноста, организираноста и слично. Исто така активноста го подобрува сонот и му помага на телото полесно да се одмори, што секако ќе го зголеми продуктивниот капацитет и позитивно ќе влијае на работата и на вложеноста на вработениот на работното место.
Една од најекспонираните теми денес е здравата храна. Колку реално имаме пристап до здрава храна со оглед на тоа дека не знаеме како е одгледувана или од каде и е потеклото? Што треба да ни биде клучен репер кога бираме намирници?
Искрено многу сум среќа што некако се повеќе имаме достапност да си купиме храна од локални произведувачи. Јас веќе некое време не купувам јајца од маркет, туку нарачувам домашни, исто така и лепче и разни други намирници кои можат да се најдат директно од наши производители. Неодамна направив една инцијатива на Инстаграм каде секој кој што знае некој домашен производител побарав да го потпише под едно мое видео за да собереме информации на едно место. Објавата имаше супер гледаност и коментари и може да биде од корист на сите кои ме следат. Линк од видеото: