Првиот самит за нуклеарна енергија во светот, кој го организира Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Белгија, треба да се одржи во Брисел во март 2024 година, објави IAEA на својата веб-страница. Самитот, чии заеднички домаќини се IAEA и Белгија, ќе бде одржан од 21 до 22 март 2024 година, соопшти глобалната организација.
Како што се наведува во соопштението, со самитот ќе копретседава генералниот директор на IAEA, Рафаел Мариано Гроси и белгискиот премиер, Александер де Кро. Се очекува дека ова ќе биде највисокиот состанок досега фокусиран исклучиво на нуклеарна енергија.
„Самитот за нуклеарна енергија ќе го нагласи замавот на нуклеарната енергија и исто така, ќе понуди форум на високо ниво за приказ на решенијата за некои од прашањата со кои се соочува тој сектор за да го оствари целосниот потенцијал, вклучувајќи и од индустриска перспектива“ се вели во соопштението.
Се очекува дека на самитот ќе има претставници од триесетина земји.
(Al Jazeera Balkans)
(фото: Flickr)