ОАЕ ќе напојува 23.000 домаќинства со енергија од ветрот

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати си поставија амбициозни цели кога е во прашање обновливата енергија. Во рамките на својот план Energy Strategy 2050, ОАЕ имаат за цел да го зголемат уделот на чиста енергија во вкупниот енергетски микс на 50% до 2050 година, а тоа вклучува придонес на сончева енергија и енергија од ветрот.

Ветерот можеби ви изгледа како чудна опција за таква локација со изобилство сончева светлина, но некои региони во оваа земја богата со нафта имаат поволни услуви за производство на енергија од ветар. Во тие региони има постојани и силни ветрови, па поради тоа земјата сака да го искористи тој ветар и воведува проект за електрани на ветар со капацитет од 2103,5 MW, кој го предводи компанијата Abu Dhabi Future Energy Company PJSC – Masdar.

- Advertisement -

Во рамките на проектот со енергија од ветар ќе се напојуваат над 23.000 домаќинства во ОАЕ и ќе се заштедат над 120.000 тони СО2 годишно, што е исто како да се отстраниле 26.000 возила од патиштата.

Поради малата брзина на ветрот во ОАЕ овој извор на енергија не беше прктичен досега, но напредокот на технологијата го направи изводлив. Технологијата за енергија од ветар стана скалабилна и финансиски одржлива благодарение ан се поголемите турбини, помалите трошоци за хардвер и оркивањето на редок метеоролошки феномен кој создава силни ветришта во текот на ноќта.

- Advertisement -

Овој проект е прв пат ОАЕ да се вклучат во производство на енергија од ветар. Masdar планира да достигне производство од 100 GW вкупна обновлива енергија до 2030 година и изгледа ќе успее во тоа.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -