Ова се најдобрите светски градови за бизнис

- Advertisement -

Њујорк е прв на листата со светски градови најпогодни за бизнис, а меѓу првите 20 финансиски центри има 7 европски градови, покажа новата ранг-листа на Индексот на глобални финансиски центри (GFCI).

Во горниот дел од оваа листа доминира САД, а Лондон и понатаму е водечки бизнис-центар во Европа и се наоѓа на второ место на вкупната листа.Зад него се Сингапур, Хонг Конг и Сан Франциско, а Женева е единствениот европски град, покрај Лондон, кој се наоѓа меѓу првите 10.

- Advertisement -

Женева го зголеми својот рејтинг за 29 поени и ги прескокна своите финансиски ривали од минатата година, па од 23. позиција лани се најде на 10. оваа година. Аналитичарите велат дека регулаторното опкружување во Швајцарија и ниското ниво на корупција претставуваат огромни предности за финансиската моќ на швајцарските градови.

Франкфурт, кој е дом на Европската централна банка, скокна од 17. на 14. место на глобално ниво, додека Париз падна од 14. на 15. место. Останатите европски градови меѓу топ 20 се Луксембург на 16., Цирих на 18. и Амстердам на 19. место.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -