Најмладиот кинески екипаж тргна кон кинеската вселенска станица

- Advertisement -

Кина го испрати најмладиот екипаж на својата вселенска станица, во склоп на нивните напори нејзините астронаути да слетаат на Месечината пред 2030 година. Леталото Shendzu 17 полета од сателитскиот лансирен центар Dziukwan на работ на пустината Гоби во северозападниот дел од Кина на ракетата Long Marсh 2-F.

Според кинеската вселенска агенција, просечната старост на тричлениот екипаж е најмала откако почна мисијата за изградба на станицата, јави кинеската државна телевизија CCTV. Како што пренесуваат, просечната старост е 38 години.

- Advertisement -

Пекинг се натпреварува со Американците во испраќањето на астронаути на Месечината до 2030 година. Тоа е натпревар на двете најголеми светски економии на полето на технологијата, војската и дипломатијата.

Новиот екипаж ќе прави експерименти во вселенска медицина, вселенска технологија и други области во текот на мисијата и ќе помогне да се постави и да се одржува опремата во и надвор од станицата.

- Advertisement -

Кина ја изгради сопствената станица кога беше исклучена од Меѓународната вселенска станица, главно поради загриженоста на САД дека кинеската војска би можела да преземе контрола над таа програма.

(N1)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -