Linkedin достигна импресивни милијарда корисници

- Advertisement -

Социјалната мрежа која ги поврзува бизнисмените со луѓето кои бараат работа, LinkedIn, која беше стартувана во 2002 година, деновиве достигна импресивна точка во развојот – достигна број од милијарда корисници ширум светот. Овој успех го потврди LinkedIn како клучлна платформа за поврзување на професионалците и размена на прилики за работа во дигиталната доба, порачуваат од компанијата.

LinkedIn го основаше Рајд Хофман со цел да овозможи професионалците ширум светот да се поврзат едни со други, да разменат искуства и прилики за вработување. платформата првично почна како мрежа за чување на биографии, но набрзо стана многу повеќе од тоа. Денес LinkedIn им овозможува на корисниците да ги споделат своите вештини, професионални интереси, содржини и да се поврзат со колеги и потенцијални работодавци.

- Advertisement -

И покрај импресивниот број на корсисници, LinkedIn се соочува со разни предизвици. Конкуренцијата на пазарот за професионални мрежи расте, а платформата мора да еволуира за да остане релевантна. LinkedIn од 2016 година е во сопственост на Microsoft, кој тогаш за оваа популарна мрежа плати 26,2 милијарди долари.

Поркај објавата за достигнувањето на овие милијарди корисници, беше најавено и воведување на нови алатки базирани на вештачка интелигенција. AI помошникот за барање работа е достапен отсега за претплатниците на LinkedIn Premium и функционира како четбот. Неговата цел е на корисниците да им го олесни пронаоѓањето соодветни бизнис прилики и конкурси, да го подобри пополнувањето на профилите и да даде поддршка во истканувањето на нивните вештини во потрага по вработување.

- Advertisement -

(Poslovni Puls)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -