ВИДЕО: Откриен планетарен систем со седум планети

- Advertisement -

Систем од седум врели планети беше откриен со континуирано проучување на податоди од сега веќе пензионираниот вселенски телескоп на НАСА, Кepler. За разлика од планетите во Сончевиот систем, планетите кои кружат околу своја матична ѕвезда добиваат значително повеќе топлина од која било планета од нашиот систем.

Исто така, за разлика од кој било од нашите непосредни соседи, сите седум планети во новооткриениот систем, кој е наречен Kepler-385, се поголеми од Земјата, но помали од Нептун. Тоа е само еден од неколку планетарни системи за кои се знае дека имаат повеќе од шест планети или кандидати за планети.

- Advertisement -

Системот Kepler-385 е на врвот на новиот каталог на Kepler, кој содржи речиси 4.400 кандидати за планети, вклучувајќи над 70 системи со повеќе планети. Во центарот на системот Kepler-385 е ѕвезда слична на сонцето, која не околу 10% поголема и 5% потопла од Сонцето. Две од внатрепните планети, и двете малку поголеми од Земјата, веројатно се карпести и може да имаат тенка атмосфера. Останатите пет планети се поголеми, секоја има дијаметар речиси дупло поголем од Земјата и се очекува дека се обвиткани со дебела атмосфера.

По повод ова откритие НАСА објави софистицирано видео базирано на орбитите на седумте планети во системот Kepler-385, а можете да го погледнете во прилог.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -