Пораки од Брисел: Да се укине правото на вето и влезот на Македонија во ЕУ да зависи од постигнувањата, а не од волјата на одделни земји-членки!

- Advertisement -

Проширувањето на Европската Унија се врати високо на агендата на најжешки политички прашања. Војната во Унгарија и растечките безбедносни закани на европскиот континент ја исфрлија на површина темата за проширување на Унијата со балканските земји надополнето со Украина и Молдавија и тоа на таканаречена брза трака. Верица Јорданова деновиве беше во Брисел каде снимаше интервјуа за емисијата „Агенда 35“ на Македонската телевизија.

Пренесуваме дел од поентите:

- Advertisement -

Во контекст на проширувањето на Унијата кое сега е надополнето со Унгарија, Молдавија и Грузија европарламентарка Тинеке Стрик вели дека за неа многу е важно што „фокусот на Источна Европа не доаѓа на штета на земјите од Западен Балкан, кои долго време се кандидати за членство, но напротив, овој процес со Украина ќе ги забрза перпсективите“.

„Мислам дека граѓаните навистина го заслужуваат тоа, тие треба да видат конкретна иднина за себе во ЕУ, но исто така ќе биде и ефективен инструмент за руското влијание да не се засилува во нашето соседство. Навистина се надевам дека ќе видиме позитивен развој во однос на проширувањето, особено на Северна Македонија и Албанија, оти овие две земји направија многу реформи и луѓето чекаат толку долго, па треба да обезбедиме да не ја изгубат довербата во ЕУ, нешто што веќе се случува во моментов.

Таа предлага Европската Унија да обезбеди и поголема поддршка на земјите кандидати за потребните реформи особено во сегментите владеењето на правото и антикорупцијата.

Не само да има барања, туку и целосна поддршка за тоа да се случи. А ние, треба да бидеме покредибилни како ЕУ, што значи да бидеме јасни што треба да се направи, но и да испорачаме во моментот кога земјата добро напредува, што ќе значи да нема многу политички одлуки кои би се случиле за време на овој процес. Затоа, Европскиот Парламент предлага да се крене ветото, кое сега овозможува на секоја земја членка, во текот на сите чекори низ процесот да блокира, што се случи со Бугарија во однос на Македонија. Сакаме да речеме го почнуваме процесот, има квалификувано мнозинство на земји членки да оценат дали е направен прогрес и потоа процесот да продолжи. Само така мислам дека можеме да ја вратиме довербата меѓу граѓаните на Западен Балкан“.

- Advertisement -

 Но, дали брзата трака за влез во ЕУ значи дека може да се надеваме на скорешен влез во Унијата?

Корина Стратулат, експерт за балканските земји во Европскиот Институт за Политики не е оптимист дека тоа е можно, но и дека темата за проширување доби нереални очекувања без многу конкретни потези

- Advertisement -

„Мислам дека реторички сите сме на иста страна, но, кога станува збор за вистински да се направи прогрес и да има одлука што треба да се стори, кога и како, тогаш мислам дека дискусиите се уште траат. Во голема мера, ова е поради новиот формат на проширувањето како и поради итноста што реторички беше потенцирана. На некој начин ние се соочуваме со овие прашања сериозно прв пат после подолго време што значи дека немаме одговори во ракавот, туку мора да најдеме начини да работиме на различни аспекти заедно“.

Таа е децидна дека одредено  проширување е можно без внатрешни реформи во Унијата. Пример, неколку балкански земји лесно може да бидат апсорбирани без да влијаат многу на функционирањето на ЕУ. Ако земји како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија успеат да влезат не мислам дека ќе создадат голем притисок врз европската институционална рамка или буџет, но, ако зборуваме за проширувањена сите земји од Балканот, плус Украина, Молдавија и Грузија, тоа е сосема друга ситуација.

Без разлика кога ќе се случи следниот прием на нови членки, експертите се недвосмислени дека реформите особено во поглед на владеење на правото и актикорупција се клучни прашања кои единствено може да гарантираат просперитет и подобар живот за граѓаните

Стратулат вели:  

„Граѓаните во Македонија, како и во сите други земји од проширувањето, не го сакаат проширувањето само колку да има проширување, или само колку да станат членки. Да се биде членка е важно, но да се има политички систем во кој се чувствуваат застапени, чувствуваат дека нивните права и слободи се заштитетни, дека системот работи за нив, дека системот е одговорен, дека политичарите се одговорни пред граѓаните, е далеку поважно. И да се има функционална економија, која исто така зависи од владеењето на правото, ова е многу поважно за граѓаните и за електоратот, од самото членство. Мислам дека кога зборуваме за ЕУ реформи, тие треба да се гледаат како нешто што земјата мора да го стори, независно од членството, нешто што е добро за нив и дека тие реформи се прават оти се добри за нив и за нивниот систем. Ако ме прашате мене, ова е многу поважно за луѓето од ЕУ членството пер се.

Зошто демократската условеност е важна? Таа е една од фундаментите, знаеме дека е дел од столбовите на стратегијата што Комисијата ја воспостави пред многу години и знаеме дека е нешто каде што многу земји членки ќе бидат многу строги и тие се строги и поради тоа што се случува во самата ЕУ. Ние имаме проблеми со членки во ЕУ кои не се држат до демократските стандарди. И тешко е поради постоечките инструменти да се адресираат овие проблеми кај земјите кои се веќе во ЕУ. Затоа мислам дека поради проблемите со демократијата внатре, многу земји членки се непопустливи за нови членки. Тоа е една работа, но исто така, да се исполнат демократските стандарди е добро за граѓаните.

Сподели!
- Advertisement -