Компанијата Samson Sky после 14 години развој конечно го реализираше првиот лет во својот спортски летачки автомобил Switchblade. Во суштина, станува збор за автомобилна три тркала со склопени крила, кој има дозвола за возење по пат и може да достигне максимална брзина од 200 км/ч, но кога ќе се расклопат крилата станува летало кое може да превезувамаксимално двајца патници до брзина до 320 км/ч.
Првиот тест лет беше направен на аеродромот Грент кантри во Моузес Лејк во Вашинготн, при што Switchblade долетал до висина од 150 метри и после кратко кружење слетал на пистата 6 минути подоцна, како што можете давидите и на видеото.
Од Samson Sky велат дека примиле околу 2.300 резервации од 57 различни држави, а заинтересираните купувачи ќе платат 170.000 американски долари.
Switchblade користи хибридно напојување,кое работи на 91-октански гас и осигурува до 805 км досег со полн резервоар од 125 литри. Со оглед на тоа дека е возило со вертикално полетување, мутреба должина на писта од 335 метри.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)