Истражувачи од Универзитетот Мериленд успеаја да направат нов вид на стакло кое ги лади просториите без да троши електрична енергија или каква било друга енергија, пренесува Science Daily.
Овој специјалне вид на стакло може да се нанесува во вид на тенок слој и така прекриената површина да ја излади за 3,5 степени Целзиусови, дури и кога собната температура е блиску до 40 степени.
Новата технологија, наречена микропорозен стаклен премаз, ако се примени при градење нови станови, може да ја намали емисијата на штетен јаглерод диоксид по станбена единица и за повеќе од 10%, без употреба на дополнителна енергија.
Стаклениот премаз одбива 99% од соларната радијација и речиси целосно го спречува загревањето на зградите или другите објекти, претворајќи ја топлината во долготрајна инфрацрвена радијација.
Кога ќе се насочи, таа радијација без задржување поминува низ земјината атмосфера и се ослободува во вселенскиот простор, каде што температурите се екстремно ниски и достигнуваат – 270C.
Овој ист принцип на ладење, велат истражувачите од Мериленд, го користи и природата. Земјата се лади на ист начин, особено во текот на ведрите ноќи, кога во вселенското пространство се испуштаат огромни количини топлинска енергија во вис на инфрацрвена радијација.
(N1)