Вселенскиот телескоп James Webb направи нови спектакуларни фотографии, а овој пат станува збор за центарот на нашата галаксија Млечен пат. Фотографиите претставуваат увид во најгустиот дел од нашата околина, нудејќи досега невидени детали. Тие прикажуваат регион на формирање на ѕвезди под назив Sagittarius C (Стрелец) или скратено Sgr C.
Ова подрачје е оддалечено 300 светлосни години од супермасивната црна дупка на галаксијата, Sagittarius A, како и повеќе од 25.000 светлосни години од планетата Земја. Во тој регион се наоѓаат над 500.000 ѕвезди и различни кластери на протоѕвезди, а тоа се ѕвезди кои уште се формираат и добиваат на маса. Крајниот резултат е прекрасен хаос, посебно кога се споредува нашиот дел од вселената, кој за споредба е особено редок.
Галактичкиот центар е најекстремна средина во Млечниот пат, смета професорот Џонатан Тен од Универзитетот Вирџин. Досега немаше податоци за овој регион со ниво ан резолуција на светлината, а тоа се смени благодарение на телескопот James Webb.
Во центарот на се е масивна протоѕвезда, која е 30 пати потешка од нашето Сонце. Поради тоа ова подрачје изгледа помалку „населено“ отколку што навистина е, затоа што овој соларен објект ја блокира светлината која доаѓа од зад него и дури во регионот. Тоа значи дека станува збор за конзервативна процека колку е „населено“ ова подрачје.
Податоците од новите фотографии ќе им овозможат на истражувачите ригорозно да ги тестираат моменталните теории за формациите на ѕвезди. NIRCam камерата на Webb направи фотографии од емисија на јонизиран водород, што е прикажано со сина боја во долниот дел од фотографиите, а веројатно е резултат на младите и масивни ѕвезди кои испуштаат енергетски фотони.
(Klix.ba)
(фото: NASA)