Ова се најубавите божиќни градови во светот

- Advertisement -

Декември е месецот кога љубителите на Божиќ почнуваат да одат на лизгалишта и на божиќи базари, спремни за празничната забава. Далечните дестинации како Њујорк, со божиќната елка во Рофелер центарот, за многумина се неизбежна дестинација, додека други ќе тргнат за Лапонија, каде што децата можат да го посетат Дедо Мраз.

Но, кога станува збор за најживописните божиќни места во светот, Лондон го освои првото место. Експертите за долги одмори на Travelbag ги анализирале хаштазите на Instagram за 100 најдобро оценети градови.

- Advertisement -

Со над 270.000 хаптази, Лондон е победник, додека Њујорк е на второ место со 255.000 хаштази. Париз е на трето место, додека секој што сака малку помирен Божиќ треба да размисли да го посети Дубаи, кој е на четврто место. На петто место е Чикаго, каде што е снимен и еден од најдобри божиќни филмови. „Сам дома“ (“Hoe Alone”).

Како изгледа Божиќ во Лондон?

- Advertisement -

Божиќните светла трепкаат над улицата „Оксфорд“, а посетителите на Ковент Гарден ќе можат да видат 40 џиновски ѕвона со панделки, 12 џиновски топки и 8 топки со огледала. И додека шетате по лондонските улици, можете да влезете и во најстарата продавница за играчки, Хамлис (Hamley’s). Било да сте големо дете или вистинско дете, кога ќе влезете таму ќе ви се чини дека сте влегле во некоја работилница на џуџиња, каде што ја има секоја играчка која може да ја замислите.

Лондон има и идилични лизгалишта, од кои најпознатото е во ворот на Сомерсет Хаус. А ако барате божиќни пазари, ќе имате навистина голем избор. Тука е Зимската идила на чуда, со неонски светла, но има и еден куп други. Зимскиот пазар на Саутбенк е одличен за сите кои сакаат да гледаат тезги со рачно направени производи со пиво во една и германски колбас во другата рака.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -