Додека во 1950-тите години пушењето цигари било нешто кул и модерно и било дозвлено на сите јавни места и во затворени простории, десетина години подоцна почнале првите извештаи за тоа како пушењто предизвикува рак. А 60-ина години подоцна ова индустрија вредна милијарди долари е одговорна за голем дел под загадувањето во светот.
Според една нова студија, аналитичарката Дебора Сај процени дека околу 25,7 милијарди долари годишно е глобалниот трошок за менаџирање со отпадот и штетите нанесени врз морските екосистеми од пластиката во филтрите на цигарите.
Тимот на Сај проценил дека загубите на глобално ниво поради инфлацијата во период од 10 години се покачиле на 186 милијарди долари. Иако оваа сума е мала споредено со годишните економски загуби на тутунот и може да изгледа незначителна споредена со 8 милиони смртни случаи годишно како последица на пушењето, штетите нанесени врз околината не треба да се потценуваат затоа што се акумулираат со тек на време, а се нешто што може да се превенира, вели Сај.
Направени од пластика за ендократна употреба, отпушоците се едни од најголемите загадувачи во светот. Не само што им наштедуваат на луѓето, туку им штетат и на животните и на животната средина. За да биде поеколошка, тутунската индустрија прави кампањи за намалување на отпадот од цигари, но тие напори не се решение за проблемот. Сај вели дека иако земјите ширум светот напредуваат на тоа поле, особено во поглед на забрани за пластика за еднократна употреба, сепак се занемарува цената која ја чини агадувањето со цигари планетата Земја.
Земјите како Нов Зеланд воведоа целосна забрана за пушење уште од 2008 година зтоа тшо сакаат да го намалат бројот на пушачи воземјата на 5% до 2025 година и евентуално целосно да се искорени оваа навика. Во Канада, пак, освен предупредувањата на амбалажите на цигарите, компаниите се обврзани да ставаат предупредување на секоја индивидуална цигара.
(Interesting Engineering)
(фото: Pxhere)