Истражување на Инсајдер ИД: Најпознати брендови според македонските потрошувачи за 2023 година

- Advertisement -

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2023-ва година” кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1,200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Врз основа на податоците, веќе 4-та година по ред агенцијата прогласува Најпознати брендови според потрошувачите во 16 различни категории.

Препознатливста на брендот е базичен елемент за успех и повисока позиција во секторот за широка потрошувачка. Компаниите треба да го имаат во предвид влијанието на брендот врз одлуката на потрошувачот особено бидејќи се работи за високо конкурентна индустрија која е под влијание на промени.

- Advertisement -

Анализата на 16 различни категории каде потрошувачите имаат избрано од 18 до 19 различни брендови согласно категоријата е уште еден показател за високата конкурентност на пазарот. Истото значи дека потрошувачите се под константно влијание од различни маркетинг и промотивни активности кои имаат за цел да создадат свесност и да го позиционираат конретниот бренд на највисоко ниво во свеста на потрошувачот. Од друга страна, препознатливоста на брендот не е единствениот одлучувачки фактор, но особено е важна во процесот на носење на одлука кој производ ќе се избере.

Преку неколку истражувања на Инсајдер ИД, утврдено е дека производите за широка потрошувачка се производи за кои потрошувачот има ниска вклученост односно тоа значи дека не инвестира многу време и напор при носење на одлука. Најчесто одлуката ја носи врз основа на моменталниот избор и поради тоа е особено значајно брендовите да имаат добра позиционираност во маркетите, како и во перцепцијата на потрошувачот. Следствено, поголема е веројатноста потрошувачот да избере бренд кој лесно го препознава. Меѓутоа, најпознат бренд, не значи дека е и најкупуван бренд. Врз купување на брендот и други фактори како цена, квалитет, претходно искуство, достапност итн.

- Advertisement -

Анализата и извештајот наменет за Најпознати брендови во 2023 година, има за цел дефинирање на позициите на најпознатите брендови согласно перцепцијата на потрошувачите што всушност го рефлектира влијанието на маркетинг и промотивните активности превземени од компаниите и насочени кон различни таргет групи во текот на изминатата година.

Промените во учествата и позициите на брендовите посочуваат дека има промена во перцепцијата на потрошувачот, што на долг рок може да предизвика и одредени промени во однесувањето на потрошувачот односно во крајна линија и промени во потрошувачките одлуки. Поради тоа, неопходно е компаниите да ги следат позициите на своите брендови и поместувањата на мининум годишно ниво, за да може идните маркетинг планови и цели да бидат креирани и насочени на соодветен начин и со соодветен интензитет (согласно целната група на потрошувачи).

- Advertisement -

Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анализирани се следните 16 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.

КАТЕГОРИЈАБРЕНД202320222021
B1. МЛЕКОБитолско млеко45%54%51%
B2. ЈОГУРТБитолски Јогурт41%46%44%
B3. КАШКАВАЛЗдравје Радово18%15%15%
B4. СИРЕЊЕЗдравје Радово22%25%22%
B5. СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИЗлатиборац29%31%25%
B6. ЧОКОЛАДОМилка38%43%39%
B7. ПИВОСкопско Пиво38%42%38%
B8. ВИНОТиквеш54%61%53%
B9. ГАЗИРАНА ВОДАПелистерка28%33%25%
B10. ЗДРАВА ХРАНАВиталиа42%48%39%
B11. СЛАДОЛЕДЦермат26%24%23%
B12. ЧИПСЧипси23%23%24%
B13. ФЛИПССтоби Флипс86%87%80%
B14. ТРАДИЦИОНАЛНО (ТУРСКО) КАФЕГранд35%37%32%
B15. ПРИРОДНИ СОКОВИВива33%33%30%
B16. СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛОБрилијант49%57%53%

* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;

Истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Истото е авторско право на Инсајдер ИД, и секакво споделување или користење без претходно писмено одобрување од агенцијата е забрането. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.

Целиот текст за Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -