Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2023-ва година” кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1,200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Врз основа на податоците, веќе 4-та година по ред агенцијата прогласува Најпознати брендови според потрошувачите во 16 различни категории.
Препознатливста на брендот е базичен елемент за успех и повисока позиција во секторот за широка потрошувачка. Компаниите треба да го имаат во предвид влијанието на брендот врз одлуката на потрошувачот особено бидејќи се работи за високо конкурентна индустрија која е под влијание на промени.
Анализата на 16 различни категории каде потрошувачите имаат избрано од 18 до 19 различни брендови согласно категоријата е уште еден показател за високата конкурентност на пазарот. Истото значи дека потрошувачите се под константно влијание од различни маркетинг и промотивни активности кои имаат за цел да создадат свесност и да го позиционираат конретниот бренд на највисоко ниво во свеста на потрошувачот. Од друга страна, препознатливоста на брендот не е единствениот одлучувачки фактор, но особено е важна во процесот на носење на одлука кој производ ќе се избере.
Преку неколку истражувања на Инсајдер ИД, утврдено е дека производите за широка потрошувачка се производи за кои потрошувачот има ниска вклученост односно тоа значи дека не инвестира многу време и напор при носење на одлука. Најчесто одлуката ја носи врз основа на моменталниот избор и поради тоа е особено значајно брендовите да имаат добра позиционираност во маркетите, како и во перцепцијата на потрошувачот. Следствено, поголема е веројатноста потрошувачот да избере бренд кој лесно го препознава. Меѓутоа, најпознат бренд, не значи дека е и најкупуван бренд. Врз купување на брендот и други фактори како цена, квалитет, претходно искуство, достапност итн.
Анализата и извештајот наменет за Најпознати брендови во 2023 година, има за цел дефинирање на позициите на најпознатите брендови согласно перцепцијата на потрошувачите што всушност го рефлектира влијанието на маркетинг и промотивните активности превземени од компаниите и насочени кон различни таргет групи во текот на изминатата година.
Промените во учествата и позициите на брендовите посочуваат дека има промена во перцепцијата на потрошувачот, што на долг рок може да предизвика и одредени промени во однесувањето на потрошувачот односно во крајна линија и промени во потрошувачките одлуки. Поради тоа, неопходно е компаниите да ги следат позициите на своите брендови и поместувањата на мининум годишно ниво, за да може идните маркетинг планови и цели да бидат креирани и насочени на соодветен начин и со соодветен интензитет (согласно целната група на потрошувачи).
Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анализирани се следните 16 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.
КАТЕГОРИЈА | БРЕНД | 2023 | 2022 | 2021 |
B1. МЛЕКО | Битолско млеко | 45% | 54% | 51% |
B2. ЈОГУРТ | Битолски Јогурт | 41% | 46% | 44% |
B3. КАШКАВАЛ | Здравје Радово | 18% | 15% | 15% |
B4. СИРЕЊЕ | Здравје Радово | 22% | 25% | 22% |
B5. СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ | Златиборац | 29% | 31% | 25% |
B6. ЧОКОЛАДО | Милка | 38% | 43% | 39% |
B7. ПИВО | Скопско Пиво | 38% | 42% | 38% |
B8. ВИНО | Тиквеш | 54% | 61% | 53% |
B9. ГАЗИРАНА ВОДА | Пелистерка | 28% | 33% | 25% |
B10. ЗДРАВА ХРАНА | Виталиа | 42% | 48% | 39% |
B11. СЛАДОЛЕД | Цермат | 26% | 24% | 23% |
B12. ЧИПС | Чипси | 23% | 23% | 24% |
B13. ФЛИПС | Стоби Флипс | 86% | 87% | 80% |
B14. ТРАДИЦИОНАЛНО (ТУРСКО) КАФЕ | Гранд | 35% | 37% | 32% |
B15. ПРИРОДНИ СОКОВИ | Вива | 33% | 33% | 30% |
B16. СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО | Брилијант | 49% | 57% | 53% |
* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;
Истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Истото е авторско право на Инсајдер ИД, и секакво споделување или користење без претходно писмено одобрување од агенцијата е забрането. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.
Целиот текст за Маркетинг 365