Една Биткоин трансакција троши вода колку што е потребно да се наполни куќен базен

- Advertisement -

Секоја една Биткоин трансакција користи количина на вода колку што е потребно да се наполни еден помал базен за пливање, покажа нова студија за најпопулараната криптовалута во светот.

Анализата проценува дека при „копањето“ на оваа криптовалута во 2021, процесот кој е потребен за создавање нови Биткоини, биле потрошени повеќе од 1.600 гигалитри вода на светско ниво, односно секоја Биткоин трансакција во просек користела по 16.000 литри вода.

- Advertisement -

Нивото на потрошувачка на вода за „копање“ Биткоини може да предизвика проблеми за водата за пиење доколку се продолжи да се работи без регулатива, особено во земји кои веќе имаат недостатоци на вода, како што е САД, се наведува во студијата која вчера беше објавена во списанието „Cell Reports Sustainability“.

„Копањето“ Биткоини бара огромна компјутерска моќ преку која се решаваат комплексни математички задачи на интернет. Точните одговори се наградуваат со дел од вредноста на криптовалутата.

- Advertisement -

Водата, која испарува, се користи за ладење на компјутерите во големите центри за податоци, а исто така и за намалување на температурите на термоцентралите на јаглен и гас кои исто така обезбедуваат струја за компјутерите преку кои се „копа“.

„По еден куќен базер оди во воздух, буквално испарува на секоја Биткоин трансакција“, објаснува Алекс Де Врис, автор на студијата и докторант на Слободниот универзитет во Амстердам, пренесува Еуроњуз.

- Advertisement -

Еколошките влијанија на „копањето“ Биткоини е нашироко документирано, а последните податоци од Универзитетот на Обединетите нации покажуваат дека потрошувачката на струја за криптовалути во 2020 била еднаква на потрошувачка на држава како Пакистан.

Целиот текст на Радио МОФ

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -