Во време на најголемата криза со човечки капитал и губење на млада работна сила, Младински Сојуз – Крушево ќе ја презентира новата дигитална платформа за вработување во Македонија, Бугарија и Грција. Меѓународниот настан ќе се одржи на 4ти декември, со почеток од 11:00 ч, во Стопанската комора на Северна Македонија, каде ќе ги презентираме можностите на ‘DIGICOOP’ платформата. Примарната цел на платформата е младите да ги добијат сите инфомации кои им се потребни дококу сакаат да бидат дел од некоја мобилност, да се стекнат со образование или кариерно да се разиваат во некоја од државите кои се дел од проектот (Македонија, Бугарија и Грција).
На настанот ќе присуствуваат повеќе од 140 млади луѓе од Северна Македонија, Бугарија и Грција, а свое обраќање ќе имаат следните говорници: г-дин Марко Георгиевски, Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ, Институт за социолошки, политички и правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, и г-дин Поликарп Арсеновски, од Тривити.
Фото – Pexels