Истражувачи од германскиот Институт за применето истражување на полимери Фраухофер соработувале со Институтот за меѓуфазно инженерство и биотехнологија Фраухофер и Центарот за иновации и производство Фраухофер на развојот на лепило за ткиво кое може да помогне во избегнувањето на раното заменување импланти во иднина.
Миомиметичкиот, антимикробен материјал се нанесува на титаниумската површина на импланти, која потоа се спојува со коските и природно се прилепува за коската. Овде е клучно тоа што лепилото кое го имитира својството на лепливост на пколките може да се испечати дури и на закривени и нерамни површини.
Школките користат протеин кој содржи аминокиселина наречена дихидроксифениланин, исто така позната како DOPA, за прилепување на површини, а истражувачите од Фраунхофер развија биомиметичко лепило кое го имитира ова својство.
Ова лепило има извонредна способност за прилепување и врзување, која му овозможува употреба во различни примени во биомедицината, вклучувајќи затворање на рани, а исто така може да се нанесе на титаниумски површини како лепило, а телото ќе ја препознае површината како материја слична на природните коски.
Функционалноста на лепилото може да се зголеми со хемиска синтеза. Може да се модифицира да реагира на светлина, така што ќе се стврдне кога ќе биде изложено на УВ зраци.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)