Битолско млеко и Битолски јогурт се прв избор на потрошувачите

- Advertisement -

Битолски јогурт и Битолско млеко веќе четврта година со ред ја уживаат довербата на македонските потрошувачи и се најпознатите брендови за 2023 година во соодветните категории, според истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД. Двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување се истакнуваат со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите млеко и јогурт, присутни на македонскиот пазар од домашно и странско производство.  

Истражувањето е спроведено кај 1 200 потрошувачи низ целата држава преку директно интервјуирање. Опфатени се брендови од домашно и странско потекло, кои се поделени во 16 категории. Категориите млеко и јогурт се едни од најконкурентните категории и со постојан раст на учесниците на пазарот.

- Advertisement -

Брендовите на Битолска млекара се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач како резултат на долгогодишно искуство во производството, проследено со континуирано унапредување на квалитетот, подигнување на стандардите, модернизација на технолошките процеси и следење на потребите на потрошувачите.

Истражувањето на Инсајдер ИД за препознатливоста на брендовите меѓу македонските граѓани се спроведува четири години по ред со што се следи динамиката и развојот на скалата на препознатливост. Исто така, континуитетот на истражувањето дава и значаен увид во потрошувачките навики како и приврзаност на потрошувачите кон квалитетот на производот и вредностите кои ги претставува.

Сподели!
- Advertisement -